Свет
Најмалку 28 загинати во експлозија во рудник во Турција
15.10.2022 09:23
Се претпоставува дека гас во рудникот експлодирал на длабочина од околу 300 метри под земја. Во акциите за спасување учествуваат преку 150 лица...

Десетици загинати рудари во експлозија во рудник за јаглен во северна Турција. Над 50-тина сè уште се заробени под земја. Неколкумина повредени се испратени на лекување во Истанбул.
Се претпоставува дека гас во рудникот експлодирал на длабочина од околу 300 метри под земја. Во акциите за спасување учествуваат преку 150 лица.
Во рудникот во времето на несреќата се наоѓале 110 рудари, од кои 49 во еден подлабок дел. Извлечени биле 36 рудари.
Во тек е истрага за причините за експлозијата.
