Започна грејната сезона во Скопје
Претседателот на Регулаторната комисија, Бислимоски вчера потврди дека се исполнети сите предуслови за нормално започнување на грејната сезона во Скопје од 15-ти октомври.

Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење започна од денеска со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 06:00 до 22:00 часот, уверуваат надлежните.
Министерот за економија Крешник Бектеши во четвртокот на скопјани им порача дека на 15 октомври ќе имаат топли радијатори и дека такви ќе останат радијаторите во текот на целата грејна сезона.
Кажа дека е набавен гас за првите две недели од октомври по најповолна цена, која е двојна поевтина од претходните понуди, а очекувањата се дека од следниот месец ќе се обезбеди гас по поконкурентни цени со цел да има најниски трошоци за граѓаните.
И претседателот на Регулаторната комисија, Бислимоски вчера потврди дека се исполнети сите предуслови за нормално започнување на грејната сезона во Скопје од 15-ти октомври.
Во Скопје околу 60 илјади домаќинства се приклучени на мрежата за централно греење што ја покриваат топланите Исток и Запад. Дополнително уште околу 500 домаќинства во Чаир и Топанско поле се приклучени на мрежата која ја покрива топланата Скопје север.
