ДУИ денеска одржува Централен совет
Реорганизацијата во партијата започна откако на 24 септември таканаречената „Огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово ќе одржи состанок на членовите на Централниот совет на кој ќе се избираат нови партиски функционери. Централниот совет како партиски орган треба да избере нови потпретседатели и генерален секретар, кои ќе имаат мандат до следниот партиски конгрес.
Реорганизацијата во партијата започна откако на 24 септември таканаречената „Огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.
Вчера во партиското седиште во Мала Речица се одржуваа средби на претседателството и ограноците. Партискиот портпарол Бујар Османи вчера изјави дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна.
Состанокот на членовите на Централниот совет започнува од 13 часот.
