Реновирана спортската сала за лицата со попреченост и телесен инвалидитет во Битола
Спортската сала за лица за попреченост и телесен инвалидитет во Битола е реновирана и опремена. Станува збор за спортското катче каде своите златни параолимписки резултати ги градела Оливера Наковска-Бикова…

Мала по површина, но преголема по параолимписките резултати. Додека најдобриот дефанзивец на Балканот во играта голбал, Ајнур Османовски се радува на пехарот за државни прваци на битолскиот тим на слепи лица, нашата светски позната параолимпијка со емоции зборува за нејзиниот над две децении втор дом.
Во опремувањето на салата со околу 2.000 евра учествуваше локалната власт, а опозицискиот советник Борче Корлевски со сопствени средства даде придонес во реновирањето.
За д-р Нико Јанков, специјалист-ортопед во пензија кој целиот работен век преку здружението „Мобилност“ го посветил на овие лица, новата опрема многу ќе значи. За нештата да бидат комплетни, скромен апел од здружението.
Вниманието и помошта мора да оди во континуитет затоа што бројката не е мала. Само во Битола има над илјада лица со попреченост.
Стевче Митревски
