Македонија

Организацијата на потрошувачи бара контрола на квалитетот на замрзнатата храна во маркетите

24.10.2022 12:48

Цените на храната секојдневно растат, но расте и недовербата на потрошувачите во квалитетот на прехранбените производи. Во Организацијата на потрошувачи (ОПМ) чести се пријавите за храна од маркетите со сомнителен квалитет. Се бара поголема инспекциска контрола за квалитетот на замрзнатата и храната во ладилниците…

Граѓаните секојдневно реагираат за квалитетот на замрзнатите производи, велат од ОПМ. Затоа бараат инспекторите почесто да се на терен, посебно во раните утрински часови за да се утврди дали трговците во обид да заштедат струја, ноќе ги исклучуваат ладилниците.

Освен со опасност од консумирање на потенцијално неквалитетна храна, граѓаните се со проблем и за загревање оваа зима. Утврдената цена на дрвата од три илјади денари за кубик не постои. ОПМ бара субвенционирање на енергетски ефикасните грејни тела, намалување на ДДВ за истите но и банкарска поддршка за нивно купување.

Организацијата на потрошувачи апелира до граѓаните да ги пријавуваат случаите кога сметаат дека им се прекршени правата. За таа цел работи на формирање на совети за заштита на потрошувачи во рамки на општинските совети.

Славица Величковска