Сè уште се присутни постковид симптомите кај децата
На Детска клиника, лекарите сè уште ги гледаат последиците од вирусот кој во најголем процент даваше лесна клиничка слика, но подоцна кај децата предизвикуваше сериозни здравствени проблеми. Досега повеќе од 200 биле болнички лекувани на универзитетската клиника...

Ковидот заврши, но не и постковид симптомите кај децата. На Детска клиника, лекарите сè уште ги гледаат последиците од вирусот кој во најголем процент даваше лесна клиничка слика, но подоцна кај децата предизвикуваше сериозни здравствени проблеми. Досега повеќе од 200 биле болнички лекувани на универзитетската клиника. Најголем процент биле на возраст меѓу 2 и 12 години.
Ставот на педијатрите е дека состојбата не е за минимизирање и занемарување, мора будно да се следат децата. Родителите се плашат, па амбулантите на Детската клиника и во болницата Козле се полни, иако на Детска клиника од 160 прегледи на ден, само едно дете биле задржано на болничко лекување. Лекарите од примарното здравство, за да не се влоши состојбата даваат антибиотик.
Ковидот беше непознат вирус, кој остави многу непознаници, студиите кои се работат треба да дадат одговори, а ова ќе биде тема и на големата балканска школа на педијатри, којашто ќе се одржи во земјава на крајот на октомври.
Наташа Јанчиќ Менковски
