НАТО е загрижен од заканите на Русија за воена сила против Украина

24.04.2014 10:15

НАТО сојузот е загрижен од заканите на Русија дека ќе употреби воена сила против Украина. Русија претходно истакна дека е подготвена да испрати војска во Украина, ако се нарушат легитимните интереси во земјата, откако украинските власти почнаа „антитерористичка операција“ против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.

„Во случај да бидат нападнати, Русија ќе одговори соодветно, ќе ги брани интересите и руските граѓани во согласност со начелата на меѓународното право“, вели Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Според НАТО, руските војници се многубројни, добро опремени и подготвени да влезат во источниот дел на Украина. По вчерашниот инцидент кога борбени авиони на Холандија, Британија и Данска пресретнале два руски воени авиона коишто навлегле во воздушниот простор на Холандија, се уште нема реакција од официјална Москва.

Поранешната американска Државна секретарка Хилари Клинтон бара поостри снакции за Русија поради кризата во Украина. Таа истакна дека Русија ќе плати „висока цена“ за нејзината интервенција во Украина и го обвини Путин дека се обидува да го врати времето во ерата на Советскиот Сојуз.

Се огласи и американскиот претседател Барак Обама, кој ја обвини Русија дека не се придржува до договорот постигнат во Женева за решавање на кризата во Украина, за што како што истакна, од почетокот бил песимистичен.

Според полскиот Премиер Доналд Туск, постои сериозен ризик источните делови на Украина да се одделат од земјата. Туск смета дека Украинската драма ќе продолжи.