Северна кореја
Пјонгјанг предупреди на противмерки за Јужна Кореја
15.10.2022 11:31
Предупредувањето следи откако Северна Кореја истрела балистички проектил со кус дострел во морето...

Северна Кореја предупреди на воени противмерки против намерните провокации од Јужна Кореја, во момент на високи тензии по севернокорејските лансирања на балистички проектили и заедничките масивни поморски маневри на САД, Јапонија и Јужна Кореја.
Предупредувањето следи откако Северна Кореја истрела балистички проектил со кус дострел во морето и артилериски проектили во близина на границата со Јужна Кореја.
