Хаваи
Зголемена активност на вулканот Mауна Лоа по земјотрес
15.10.2022 11:43
Засега нема извештаи за штета или повредени. Според американскиот геолошки институт, по земјотресот следеле најмалку осум помали последователни потреси.

Земјотрес со сила од 5,1 степен по Рихтер го потресе хавајскиот вулкан Мауна Лоа – најголемиот активен вулкан на планетата, кој според научниците е во „состојба на зголемување на активност“.
Засега нема извештаи за штета или повредени. Според американскиот геолошки институт, по земјотресот следеле најмалку осум помали последователни потреси.
Нема опасност од цунами.
