Радмила Шекеринска избрана за потпретседателка на Партијата на европските социјалисти
Поранешната министерка за одбрана и заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС)...
Поранешната министерка за одбрана и заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).
„Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Ловен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша Шекеринска на својот Фејсбук профил.
Според премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, Шекеринска е вистински избор за потпретседател на ПЕС.
„Изборот за потпретседател на ПЕС е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција – потпретседател, личност која доаѓа од земја која сè уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор“, напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.
На конгресот на Партијата на европски социјалисти во Берлин, долгогодишниот премиер на Шведска и лидер на тамошните социјалдемократи Стефан Ловен е избран за нов претседател на ПЕС.
