Свет

Десетици загинати во експлозија во рудник во Турција

15.10.2022 13:04

Се претпоставува дека гас експлодирал на длабочина од околу 300 метри под земја. Во акциите за спасување учествуваат преку 150 лица.

Десетици загинати рудари во експлозија во капацитет за вадење јаглен во северна Турција. Над 50-ина останаа заробени под земја, по што следуваше спасувачка акција за нивно извлекување.  Неколкумина повредени се испратени на лекување во Истанбул.

Шестмина рудари со амбулантни авиони на министерството за здравство се пренесени во градските болници во Истанбул и таму се лекуваат. Петмина повредени моментално се во Бартин, од кои тројца во државната болница во Бартин и двајца во приватни болници“, изјави Сулејман Сојлу, министер за внатрешни работи на Турција.

За жал, изгубивме некои од нашите пријатели на местото на настанот поради високиот притисок и температурата што се случија со експлозијата. Како што изјави министерот, во моментов, 15 наши пријатели се во рудникот. Пребарувањата се уште траат по експлозијата настана пожар во галерија. Во моментов нашите тимови се обидуваат да го намалат влијанието на пожарот и јаглерод моноксидот што се формира таму“, рече Фатих Донмез, министер за енергетика на Турција.

Се претпоставува дека гас експлодирал на длабочина од околу 300 метри под земја. Во акциите за спасување учествуваат преку 150 лица.

Видовме ужасна сцена, не може да се опише, многу е тажно. Сите тие се мои пријатели, пријатели со кои јадам и пијам за време на викендот. Сите имаа соништа. Сите имаа семејства. Некои беа во брак. Секој имаше надежи и мисија“, вели еден од рударите.

Во рудникот во времето на несреќата се наоѓале 110 рудари, од кои 49 во еден подлабок дел.  Турскиот претседател Ердоган жали за трагедијата и рече дека посакува загубата на животи да не биде поголема.

Најголемата опозициска партија, пак, обвини дека властите го игнирирале ревизорскиот извештај од 2019 година, иако во документот имало укажувања за опасност од експлозија во овој рудник.  

 

Марина Ристова