Како да се одбраниме од комарците и крлежите

24.04.2014 10:22

Кога се најактивни комарците, избегнувајте отворен простор и затворете ги прозорите. Сите потенцијални резервоари на вода, на пример вода во саксиите за цвеќе, детските кантички, садовите со дворот и слично, истурете ги, а водата во детските базени и вазните, менувајте ги! Редовно користете средства против комарци.

Намачкајте ја кожата и испрскајте ја облеката, но треба да знаете дека тоа не е сто процентна заштита. Кога одите во природа, облечете долги ракави, долги пантолани и чорапи. Вклучете ја климата. Во подрачјата каде што има многу комарци, ставете мрежа на прозорите.

После прошетката во природа прегледајте го целото тело и косата. Ако видите крлеж, отстранете го со стерилна пинцета. Пребришете ја со алкохол или кратко држете ја на отворен оган. Крлежот немојте да го кинете и да го гушите со масло бидејќи тогаш ќе поврати, а таа содржина ќе влезе во вашиот организам. Крлежите фатете ги најблиску што можете до кожата, полека вртете лево, десно и повлечете. Ако не се осмелувате да го направите ова, посетете лекар. Кога одите во природа, носете посветла облека, така полесно ќе ги забележите крлежите. Редовно контролирајте го домашните миленичиња, кучињата и мачките. Немојте да вклучувате светло кога ви е отворен прозорот.