Достоинствен труд за руралната жена
Денеска е Меѓународниот ден на руралната жена. Во Прилеп, на саем изложуваа жените земјоделки и производители од регионот. Вешти се, работат сè, ама им треба сета поддршка од заедницата за достоинствен и исплатлив труд…

Вешта е и работлива, умее да го води домот и сè да произведе – сирење, тестенини, зеленчук, овошје, леб, мед, да ги одржи традиционалните вредности. Руралната жена само ја бара поддршката од заедницата. Пласманот е најголемиот проблем.
Производството на сирење стана попрофитабилно. Кај младите девојки има интерес за остручување на патот кон семеен, профитабилен бизнис. Влогот во стручното образование е неопходен.
Здруженијата итно инсистираат на правата за руралната жена како сите работнички. Деновиве директно се побара и право на породилно отсуство за руралната жена.
Елизабета Митреска
