Украина

Продолжуваат борбите во регионот на Донбас

16.10.2022 10:55

Претседателот Зеленски рече дека најтешката е ситуација во насока на Бахмут, кој сè уште е под контрола на украинската армија.

Продолжуваат борбите во различни области на фронтот во Украина. Претседателот Зеленски рече дека најтешката е ситуација во насока на Бахмут, кој сè уште е под контрола на украинската армија.

Во видео-обраќање рече дека руските ракети и беспилотни летала продолжуваат да ги напаѓааат украинските градови, предизвикувајќи уништување и жртви. Зеленски, исто така, тврди дека речиси 65.000 Руси се убиени од почетокот на конфликтот во таа земја, што е различно од официјалната проценка на Москва.