Свет

Иран: Истрели и повредени во голем пожар во затворот Евин

16.10.2022 12:03

Има повредени лица, а се уште не се знае зошто и како избувнал пожарот.

Голем пожар избувна во озлогласениот затвор Евин во Иран во кој се сместени политички затвореници, новинари и странски државјани. Одекнаа и истрели и експлозии. Има повредени лица, а се уште не се знае зошто и како избувнал пожарот.

Иран неколку недели се соочува со антивладини протести. Тие прво избувнаа поради смртта на 22-годишната Маша Амини, која почина од рацете на иранската морална полиција.

Тамошните власти соопштија дека девојчето починало од срцев удар, но нејзиното семејство ги оспорува наводите и тврди дека таа починала како резултат на полициска бруталност.