Свет

20-ти конгрес на Комунистичката партија на Кина

16.10.2022 13:01

Во својот говорот, Џинпинг најави зајакнување на војската, ја бранеше нулта-ковид политиката која спаси човечки животи, но се одрази врз економскиот раст и рече дека Комунистичката партија ќе реализира социјалистичката модернизација до 2035 година.

Кинескиот претседател Џинпинг на 20-от конгрес на Кинеската комунистичка партија рече дека народот треба да одлучи за тајванското прашање и дека Кина никогаш нема да се откаже од правото на употреба на сила. Кина го смета островот за своја територија и покрај силното противење на владата во Тајпеј, која го отфрла кинескиот суверенитет.

„Пекинг отсекогаш го почитувал, се грижел и работел за благосостојбата на тајванскиот народ и бил посветен на развојот на економската и културната размена преку Тајванскиот теснец. Тајванското прашање е наше внатрешно прашање и зависи од кинескиот народ да одлучи. Бараме мирно обединување, но никогаш нема да ветиме дека ќе се откажеме од употребата на сила“, изјави Ши Џинпинг, претседател на Кина.

Во својот говорот, Џинпинг најави зајакнување на војската, ја бранеше нулта-ковид политиката која спаси човечки животи, но се одрази врз економскиот раст и рече дека Комунистичката партија ќе реализира социјалистичката модернизација до 2035 година.

„Мораме да продолжиме со реформите за развој на социјалистичката пазарна економија, да промовираме отворање со високи стандарди и да ги забрзаме напорите за поттикнување нов модел на развој кој е фокусиран на домашната економија“, нагласи Џинпинг.

Џинпинг се пофали со историски достигнувања и промени во изминатите 10 години, период во којшто е постигнат историски раст на економската сила. Тој од присутните околу 2.300 делегати се очекува да го добие третиот петгодишен мандат и да го зацврсти своето водство како најмоќниот кинески лидер од времето на Мао Це Тунг. Конгресот се одржува под силни мерки на безбедност.

Марина Ристова