Со 13 нови садници во Чаир одбележани 13 години дипломатски односи со Косово
Заблагодарувајќи му се на амбасадорот Ќехаја за иницијативата, Османи истакна дека настанот на симболичен начин ги отсликува одличните добрососедски односи и традиционалното пријателство меѓу двете држави.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, во паркот Чаир засадија 13 дрва по повод одбележувањето на 13 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.
Заблагодарувајќи му се на амбасадорот Ќехаја за иницијативата, Османи истакна дека настанот на симболичен начин ги отсликува одличните добрососедски односи и традиционалното пријателство меѓу двете држави.
„Често повторувам дека Приштина и Скопје се и буквално најблиските главни градови на Балканот, симболизирајќи ги со тоа исклучително блиските односи меѓу Северна Македонија и Косово, но и блиските врски меѓу нашите граѓани“, нагласи Османи. Истовремено, потенцира Османи, оваа иницијатива е добра прилика за да се стави фокус на зелената агенда кој е еден од приоритетите на надворешна политика на земјава.
„Сме постигнале високо ниво на односите со Северна Македонија -одлична соработка, која во периодот што следи, убеден сум, ќе се зајакне уште повеќе“, нагласи амбасадорот Ќехаја и се заблагодари за поддршката во интегративниот процес и членството на Косово во меѓународните организации.
На настанот присуствуваа и истакнати личности и интелектуалци, кои даваат значаен придонес во негувањето на односите помеѓу Северна Македонија и Косово.
