Недостигаат физиотерапевти за пациентите со спинална мускулна атрофија
Терапија има, но недостигаат физиотерапевти коишто ќе доаѓаат во домашна посета, а ќе ги плати државата. Пациентите со спинална мускулна атрофија секојдневно се соочуваат со предизвици. Навременото дијагностицирање и лекување дава резултат…

Синот на Снежана Тодоровска има спинална мускулна атрофија. Дијагностицирана му е на 14 години. Сега има 27 години и самостојно може да изоди два метри. Пред две години можел да се качува и по скали. Целото семејство е исправено пред сериозен предизвик.
Спинална мускулна атрофија се дијагностицирана по самото раѓање. Во најголем број случаи до втората година. Но, има и пациенти кај кои подоцна се открива. Навременото дијагностицирање и лекување дава резултат.
Во моментот десет деца со оваа болест се лекуваат на Клиниката за детски болести, терапија добиваат до 16 години. Десетина возрасни пациенти се лекуваат на Клиниката за неврологија.
Наташа Јанчиќ Менковски
