Парно

Граѓаните се жалат на млаките радијатори

16.10.2022 17:14

Се зголемува бројот на граѓани кои се жалат на студени или млаки радијатори. Во ЕСМ пријавени 600 дефекти. Компанијата објаснува- испораката е рационална. Опозицијата критикува- власта не е подготвена за грејната сезона...

На вториот ден од стартот на грејната сезона, се зголемува бројот на граѓани кои се жалат на студени или млаки радијатори. Во ЕСМ пријавени околу 600 дефекти. Екипите на терен интервенираат по принципот „прв јавен, прв услужен“. Компанијата уверува дека испораката е рационална, па како ќе паѓа температурата, така ќе се зголеми испораката на топлинска енергија. Корисниците од утре ќе ги потпишуваат новите договори. Опозицијата критикува дека власта неподготвена ја дочекала грејната сезона.

Сузана Трајковска