Брисел

ЕУ размислува за ограничување на цените на гасот

17.10.2022 09:56

Лидерите на Европската унија се подготвени да ги разгледаат сите можности за ограничување на цената на гасот. Во обид да се скроти поскапувањето на енергенсите пред доаѓањето на зимата во Европа...

Лидерите на Европската унија се подготвени да ги разгледаат сите можности за ограничување на цената на гасот. Во обид да се скроти поскапувањето на енергенсите пред доаѓањето на зимата во Европа.

Целата ситуација ја влошува неизвесноста околу можноста за снабдување со руски гас, кризата поради зголемените трошоци за живот и можноста за влегување во рецесија. Некои земји, вклучително и Германија, која е најголемиот потрошувач на гас во Европа, сè уште се против.

Европската комисија во вторник треба да претстави пакет енергетски мерки за борба против кризата, пред средбата на лидерите на Европската унија.