Нигерија
Повеќе од 600 жртви во смртоносни поплави
17.10.2022 09:57
Повеќе од 600 луѓе загинаа во најсмртоносните поплави во Нигерија во изминатата деценија. Рекордните врнежи и принудија 1,3 милиони луѓе да ги напуштат своите домови...

Повеќе од 600 луѓе загинаа во најсмртоносните поплави во Нигерија во изминатата деценија. Рекордните врнежи и принудија 1,3 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.
Од почетокот на сезоната на дождови, многу делови од најнаселената африканска земја се погодени од силни поплави кои ги зголемија стравувањата од недостиг на храна и зголемена инфлација.
Сезоната на дождови обично почнува во јуни, но поплавите станаа особено смртоносни од август.
