Случајот за автобуската несреќа во Бугарија влегува во софискиот суд
Вештачењето на спроведената предистражна постапка, покрај вината на возачот на автобусот докажува лошо одржување на автопатот „Струма“ или целосно отсуство на ознаките и на патната сигнализација, вели адвокатот на дел од семејствата на жртвите, Николај Димитров...

Случајот за автобуската несреќа лани во ноември во Бугарија, во која загинаа 45 македонски државјани, влегува во софискиот суд.
Вештачењето на спроведената предистражна постапка, покрај вината на возачот на автобусот докажува лошо одржување на автопатот „Струма“ или целосно отсуство на ознаките и на патната сигнализација, вели адвокатот на дел од семејствата на жртвите, Николај Димитров.
Вкупната цена на целата оштета е повеќе од два милиони лева, само за оние луѓе кои ги застапува.
