НАТО

Во Европа започнува вежба на нуклеарните сили на НАТО

17.10.2022 11:30

Денеска НАТО ја започна својата годишна нуклеарна вежба. 60 авиони учествуваат во тренажни летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија со цел да се практикува употребата на американските нуклеарни бомби распоредени во Европа...

Денеска НАТО ја започна својата годишна нуклеарна вежба. 60 авиони учествуваат во тренажни летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија со цел да се практикува употребата на американските нуклеарни бомби распоредени во Европа.

Нуклеарните вежби – кои не вклучуваат вистински бомби – се одржуваат во услови на зголемени тензии откако Русија постојано се закануваше со нуклеарни напади во Украина по големите воени неуспеси на бојното поле таму.

Вежбите најверојатно ќе се совпаднат со годишните нуклеарни вежби на Москва, наречени „гром“, кои обично се одржуваат кон крајот на октомври.