Во Скопје утре ќе се прска против комарци

24.04.2014 10:42

Во Скопје утре од 7 до 11 часот ќе се прска против комарци.
Во првата фаза од авионската дезинсекција ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во Градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
 
Доколку временските услови не го дозволат прскањето, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни, во истиот термин, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи и од Град Скопје.
 
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.