Штип

Финишираат подготовките за „Макфест 2022“

17.10.2022 14:13

На 21-ви и 22-ри октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи 37. издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“, ќе бидат изведени 24 композиции, а Македонската телевизија ќе врши директен пренос...

Финишираат подготовките за 37. издание на Макфест. Концептот е изменет, награди нема да има, победникот ќе се знае идната година кога ќе се врачи награда за најслушана песна од овој Макфест.

Ова издание на „Макфест“ ќе понуди квалитетна музика која се вклопува во современите трендови.

Општина Штип со сопствени средства од пет милиони денари и еден милион од спонзори го обезбеди потребниот буџет.

Македонската телевизија и годинава ќе врши директен пренос од фестивалот, за кој организаторот тврди дека ќе изнедри хитови кои долго ќе се слушаат.

Славица Величковска