Корисниците на парно греење од денеска склучуваат нови договори со ЕСМ
Корисниците нови договори мора да потпишат до крајот на месецот. Гејната сезона почна во саботата, но најголем дел од жителите на Скопје се жалат дека радијаторите се студени или млаки. Од ЕСМ - снабдување уверуваат дека топланите и дистрибутивната мрежа се 100 проценти функционални...

Од денеска корисниците на централно парно греење почнаа да ги потпишуваат договорите со ЕСМ снабдување. Откако БЕГ ја изгуби лиценцата, ЕСМ ја зема одговорноста за парното греење.
Надица и Никола Колевски во скопски Аеродром беа меѓу првите кои дојдоа по нов договор. Не очекуваат ЕСМ да има допишано нови обврски за кон корисниците.
Велат како е така е, немаат друг избор, на некои катови оџакот во нивната зграда бил урнат, а од плинот им е страв. Граѓаните што беа слободни дојдоа на еден од пунктовите по нов договор.
Од ЕСМ информираа дека корисниците нови договори мора да потпишат до крајот на месецот. Ако корисниците не успеат да дојдат на некој од трите пункта во Скопје, од ЕСМ велат дека греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена. Корисниците кои не можат да ги напуштат своите домови, во пресрет ќе им излезат тимови на ЕСМ кои ќе им овозможат договорот да го склучат во нивните домови.
Наташа Јанчиќ Менковски
