Македонија

Студентите ќе се залагаат за поголем буџетот за високото образование

17.10.2022 15:17

Студентите не сакаат да се гледаат толку долу на Шангајската листа, на позицијата што ја има УКИМ. Тие мора да станат носители на позитивните промени во општеството, а не да бидат сервилни, рече претседателот на студентите, Славчо Темелковски...

Студентите не сакаат да се гледаат толку долу на Шангајската листа, на позицијата што ја има УКИМ според квалитетот на образованието. Ќе се залагаат да се зголеми буџетот кој се издвојува за високото образование.

Пораката ја пренесе претседателот на студентите, Славчо Темелковски, на почетокот на настанот за изработка на новата национална стратегија за млади. Студентите мора да станат носители на позитивните промени во општеството, а не да бидат сервилни, додаде Темелковски. Тие непосредно ќе се вклучат во изготвувањето на новиот закон во врска за прашањата на оброкот, студентските домови и стипендии.

Според директорот на Агенцијата, Мојсовски, Владата покажала дека има демократски капацитет да креира простор за младите и нивниот глас да допре до институциите. Да се унапреди положбата на младиот човек и неговиот стандард.

Според амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, државата мора да стори се за да запре одливот на мозоци.

„Ние сме активни на ова поле, и во соработка со Агенцијата за млади и спорт работиме создавајќи младински политики за младинско ангажирање, соработка и дијалог“, рече Која.

Последните истражувања покажаа дека близу 100.000 млади не се повеќе во земјата. Односно 20,8 отсто од оние кои биле млади во 2002-ра година, заминале и не се во државата. Младите,кои биле анкетирани, сметаат дека кога би се намалила корупцијата лесно би можеле да се запишат на факултет и да се вработат според струката.

Фиљана Кока