Македонија

Отворени денови на Институтот за македонски јазик

17.10.2022 15:21

Почна манифестацијата по повод седмите „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“. На отворањето, директорката повтори дека треба постојано да се вложува во истражувања, бидејќи јазикот е нашата татковина. Ректорот Јанкуловски ги честита јубилеите на Институтот, а министерот за образование Шаќири рече дека државата има стратегија со која го негува јазикот...

По 24 години, Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ ќе добие подмладок. Иако не се доволно, на почетокот на манифестацијата „Отворени денови на македонскиот јазик“, директорката Јованова-Грујовска се заблагодари на властите и повика да продолжат да вложуваат во истражувањата.

Идната година Институтот ќе одбележи 70 години од формирањето и 120 години од објавувањето на книгата „За македонските работи“ од својот патрон – Крсте Мисирков.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири посочи дека Институтот за македонски јазик во континуитет бележи напредок и е уверен, како што рече, дека ќе продолжи со успешна подготовка на кадар кој ќе биде столб на македонскиот јазик и култура.

Седмите Отворени денови на Институтот за македонски јазик ќе траат до петок, 21-ви октомври.

Катерина Топалова