Шефицата на словенечката дипломатија Фајон утре во посета на Скопје
Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.

Заменик претседателката на владата и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, утре ќе престојува во официјална посета на земјава.
Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.
Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Пендаровски, со претседателот на Собранието, Џафери, како и со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
