Здравство

80 нови случаи со Ковид-19 во последните три дена

17.10.2022 16:24

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.

Во последните три дена (од 14.10 до 16.10.2022) направени се 953 тест, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 60, Прилеп – 8, Куманово – 5, Битола, Тетово и Охрид – по 2, Македонски Брод – 1.

Од вкупниот број на позитивни (80), регистрирани се 18 реинфекции. Регистриран e 118 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите три дена пријавени се две починати лица од Скопје(80г) и Гостивар(70г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.159 тестирање на Ковид-19.