Политика

Преседан во собраниска постапка, власта и опозицијата со ист став за Законот за здруженија

17.10.2022 16:28

Преседан во собраниската постапка, незавршена дебата на собраниската комисија за Љубомир Јовески, предлог на СДСМ за уставен судија, се поставува на пленарна седница, реагираат во ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата и власта со ист став за Законот за здруженија…

Предлогот за ставање точка на дневен ред на пленарна седница – извештај на незавршена расправа на комисија е преседан, вели координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Имено претседателката на Комисијата за избори и именувања Георгиевска побара дополнување на дневниот ред за избор на само двајца избрани судии кои го минаа комисискиот филтер. Расправата на комисијата сè уште не е завршена бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на изборот на државниот обвинител Јовевски за уставен судија. Според Мицевски со овој предлог се злоупотребува Уставот и се крши собранискиот деловник.

Во Собранието и Законот за регистрирање здруженија. Измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ предвидуваат забрана на основање организација ако програмата, целите и дејностите е насочено кон уривање на уставниот поредок на државата и поттикнување и одобрување на фашизам и нацизам, како забрана за употреба име или назив на организација на лица кои по кој било основ се поврзани со расна, верска, национална нетрпеливост. За овие законски измени владејачкото мнозинство најави дека ќе даде поддршка, иако од подносителот ВМРО-ДПМНЕ и понатаму изразуваат недоверба.

Кординаторот на социјалдемократите Митрески поднесе предлог-закон за измени на Законот за партии во кои ќе важат истите одредби како и на здруженијата. Од СДСМ очекуваат поддршка од опозицијата.

Марина Стојанова Тонева