Македонија

Заканите кон Бендевска - обид за вршење влијание врз Комисијата

17.10.2022 16:46

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најостро реагира за говорот на омраза со закани за физичка ликвидација врз Весна Бендевска- член на комисијата, изнесени од Виктор Стојанов- претседател на Фондацијата Македонија од Софија...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најостро реагира за говорот на омраза со закани за физичка ликвидација врз Весна Бендевска- член на комисијата, изнесени од Виктор Стојанов- претседател на Фондацијата Македонија од Софија.

На двата негови профили на социјална мрежа била поставена фотографија од Бендевска со навредувачка, но и поттикнувачка содржина за нејзина ликвидација. Во коментарите имало и повеќе заканувачки содржини. Комисијата за ова го известила и МНР.

Покрај говорот на омраза, од Комисијата сметаат дека ова претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на комисијата во целост.

Заканите следат по прес- конференцијата, во која беа објавени мислењето и препораките по однос на претставката против здружението „Културен центар Иван Михајлов - Битола“, одржана во петокот.