МВР
Приведени крадци во Битола
17.10.2022 17:34
E. Б.(32) и А. Џ. (24) од Битола одзеле 6 метални ролни и 8 метални запци од корпа од работна машина багер и други предмети во сопственост на РЕК Битола.

Денеска од страна на полициски службеници од полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишени од слобода се две лица од Битола, кои претходно извршиле кражба.
E. Б.(32) и А. Џ. (24) од Битола одзеле 6 метални ролни и 8 метални запци од корпа од работна машина багер и други предмети во сопственост на РЕК Битола.
Тие се лишени од слобода, а Е. Б. е спроведен во КПУ Затвор Битола затоа што бил баран со наредба од Основен суд Битола за издржување на казна затвор во траење од 5 месеци за извршени кражби на подрачјето на Битола, соопштуваат од МВР.
