ЕУ воведува санкции врз Иран
Министрите на ЕУ треба да воведат забрани за патување и да ги замрзнат имотите на околу 15 Иранци вклучени во владината акција што почна во минатиот месец против демонстрантите огорчени од смртта во полициски притвор на 22-годишната Махса Амини.

Европската унија ќе воведе санкции врз Иран поради репресијата за човековите права, а неколкумина претставници на унијата предупредија на одделни, нови санкции доколку се докаже вмешаноста на Техеран во руската војна против Украина.
Министрите на ЕУ треба да воведат забрани за патување и да ги замрзнат имотите на околу 15 Иранци вклучени во владината акција што почна во минатиот месец против демонстрантите огорчени од смртта во полициски притвор на 22-годишната Махса Амини.
Иран негира дека испорачувал беспилотни летала на Русија, додека Кремљ не коментира.
