Свет

Руски воен авион се урна врз станбена зграда

17.10.2022 20:12

Медиумите јавија дека воениот авион од типот Су-24 се урнал додека бил на тренажен лет...

Руски воен авион падна врз станбена зграда во рускиот град Јејск во близина на границата со Украина, потврди Министерство за одбрана на Русија.

Медиумите јавија дека воениот авион од типот Су-24 се урнал додека бил на тренажен лет. Руското Министерство за одбрана соопшти дека причина за падот бил пожар во еден од моторите за време на полетувањето и дека пилотите успеале да се катапултираат.

Сè уште не е познат бројот на повредени или евентуално загинати.