Русија
Три деца меѓу загинатите во вчерашниот пад на борбен авион во станбена област
18.10.2022 09:38
Двајцата пилоти успеале да се катапултираат, пред авионот да удри во зграда, која притоа се запалила. Меѓу жртвите има и три деца...

Најмалку 13 луѓе загинаа во пад на руски борбен авион во станбена област во јужниот руски град Јејск, во близина на Украина.
Двајцата пилоти успеале да се катапултираат, пред авионот да удри во зграда, која притоа се запалила. Меѓу жртвите има и три деца. Според извештајот на пилотите, причината за падот е пожар на еден од моторите при полетувањето.
Јејск се наоѓа близу до воената зона во источна Украина и се користи како тренинг поле за руската поморска авијација.
