Собрание

Денеска продолжува 88. седница

18.10.2022 10:22

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија треба да се продолжи 88. седница, на која пратениците ќе дискутираат за предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа...

Пратениците вчера едногласно дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозицијата. Од присутните 84 пратеници, сите гласаа „за“. Немаше ниту еден против или воздржан.

Собранието, исто така едногласно, со вкупно 76 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, поднесен од пратеници од владејачките партии.

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија треба да се продолжи 88. седница, на која пратениците ќе дискутираат за предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа.