Венецуела
Ново свлечиште и жртви
18.10.2022 11:34
Најмалку три лица загинаа по лизгање на земјиште во Ел Кастињо во Маракај. Оштетени се над 50 домови и автомобили...

Најмалку три лица загинаа по лизгање на земјиште во Ел Кастињо во Маракај. Оштетени се над 50 домови и автомобили.
Непогодата се случува по само една недела од огромното свлечиште коешто го опустоши Лас Техеријас, во кое загинаа 54 луѓе.
Венецуелскиот претседател Мадуро посочи оти климатските промени се виновни за обилните дождови коишто направија пустош низ земјата.
