Јапонија

Се прошируваат санкциите кон Северна Кореја

18.10.2022 11:39

Јапонската влада најави проширување на санкциите кон Северна Кореја. Се замрзнуваат средствата на пет организации што се вклучени во нуклеарен и ракетен развој...

Јапонската влада најави проширување на санкциите кон Северна Кореја. Се замрзнуваат средствата на пет организации што се вклучени во нуклеарен и ракетен развој.

Дополнителните мерки се одговор на неодамнешните низа тестови и лансирања на проектили на Северна Кореја, вклучително и балистичката ракета што прелета над Јапонија.