Австралија

Повлечено признавањето на западен Ерусалим како главен град

18.10.2022 11:43

Австралија ја поништи одлуката на претходната влада, со која беше признаен западниот Ерусалим како главен израелски град...

Австралија ја поништи одлуката на претходната влада, со која беше признаен западниот Ерусалим како главен израелски град, наведувајќи дека статусот на градот треба да се реши низ мировни преговори меѓу Израел и палестинскиот народ.

Владата повторно ја обврзува Австралија на „меѓународни напори во одговорната потрага за напредок кон праведно и трајно решение со две држави“-подвлече министерката за надворешни работи Пени Вонг.