Сите партии треба да се обединат за ЕУ
Министерката за надворешни работи на Словенија денеска во посета на Македонија. Доколку партиите се обединат можно е остварувањето на стратегиската цел – членство на земјава во Европската унија до 2030-та, порака на шефовите на македонската и словенечката дипломатија. Од македонското МНР најавуваат протестна нота до Бугарија поради навредите на бугарскиот историчар Димитров и на европратеникот Џамбаски...

Членство во ЕУ до 2030-та е можно доколку партиите во земјава се обединат околу оваа стратешка цел, порачаа шефовите на македонската и словенечката дипломатија во Скопје. Министерот за надворешни со апел за склучување рамковен договор за ЕУ, за да до крајот на скрининг процесот кога треба да се промени Уставот, нема пречка од македонска страна за отворање на поглавјата во преговорите.
МНР официјално ќе упати протестна нота по последните навреди за македонската држава и народ од бугарскиот историчар Димитров којшто е дел од историската комисија и бугарскиот европратеник Џамбаски. Можеби ќе реагира и забраната за отворање на македонски клуб во Благоевград.
Наскоро ќе се потпише прв договор со ЕУ на македонски јазик за соработка со Европската агенција за заштита на границите – Фронтекс, најави шефот на дипломатијата, додавајќи дека со ова ќе официјализира македонскиот јазик во европските институции.
Ирина Гелевска
