Македонија

УСАИД: Стратегија за партнерство со приватниот сектор

18.10.2022 13:17

Со измената на Законот за трговски друштва, се отвора можноста нов пристап на финансирање од поединци, вели ресорниот министер Бектеши. Од УСАИД посочуваат дека во партнерство со водечки компании од земјата се влијаело на зголемување на конкурентноста на домашните и странските пазари...

Во рамките на проектот на УСАИД кои се базираше на споделување на информации како и промоција на партнерство со приватниот сектор преку програмите на Министерството, ресорниот министер Бектеши ја издвои последната измена во законот за трговски друштва како мерката, со која се поттикнува можноста за нов пристап на финансирање од страна на поединци, во мали и средни претпријатија основани од едно лице, би ја издвоил последната измена на Законот за трговските друштва.

„Со денот на влегување во сила на оваа законска измена, отстранети сезаконските бариери за инвестирање од страна на богати поединци т.н. „бизнисангели“, кои го инвестираат своето лично стекнато богатство во стартап компании т.е. ги инвестираат своите пари во повеќе стартап компании, а за возврат се стекнуваат со капитал во истите. Со проширувањето на примената на „Конвертибилниот заем“ им се овозможува на инвеститорите да изберат дали во иднина сакаат да имаат удел во трговското“, рече Бектеши.

Од УСАИД велат дека во партнерство со водечки компании од земјата се влијаеше на зголемување на нивната конкурентност на домашни и странски пазари.

„На 3800 компании им овозможивме пристап на нови пазари, квалификувана работна сила и можност да развијат нови услуги. Асистиравме во 1300 компании да имаат пристап до потребните финансии и да обезбедат раст од 110 милиони долари“, рече Џери Дибл, претставник на УСАИД во Македонија.

Заменик министерот за земјоделство посочи дека во периодов на економската криза која подразбира и криза за храна, секторот земјоделство стана приоритет во однос на политиките и мерките кои ги спроведуваат државите. Потребна ни е солидарност, соработка и глобални решенија. Тој го презентираше новиот начин на субвенционирање на земјоделците.

Проектот се реализираше во период од пет години, од 2017-та до 2022-ра година

Марина Стојанова Тонева