Образование

Отворена сензорна соба во Прилеп

18.10.2022 13:42

Општите статистики говорат дека околу 15 насто од учениците во основното образование се со посебни образовни потреби поради повеќе причини. Потребни се подобрувања на условите за подеднакво вклучување на сите во образовниот процес и во општеството. Дел од инклузивноста се сензорните соби, образовните асистенти. Во Прилеп отворена прва сензорна соба од проектот финансиран од Европската унија...

Четворица ученици со посебни потреби и триесетина со образовни потреби ќе ја користат сензорната соба за полесно вклучување во секојдневниот и образовниот процес во прилепското основно училиште „Гоце Делчев“. Оваа е прва во прилепските, а 17-та во училиштата во земјава од проектот финансиран од Европската унија.

Според општите статистики, 15 насто од учениците во основното образование се со посебни образовни потреби. Со сензорните соби, образовните асистенти, се прави чекор напред во инклузивноста на сите ученици, но треба напорно да се работи. Немаме регистар на децата со посебни потреби, ниту доволно проценки за децата кои имаат потреба од образовни асистенти.

Во Прилеп се околу 100 деца со попреченост во основните училишта и градинките, а има 14 образовни асистенти. Во земјава се околу 720.

Елизабета Митреска