Нови 57 случаи на Ковид-19, пријавено едно починатo лице
Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335, соопштуваат од Министерство за здравство...

Во последните 24 часа направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип – 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции.
Регистрирани се 9 оздравени пациенти од: Скопје – 8 и Македонски Брод – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Струга (86г), и истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335, соопштуваат од Министерство за здравство.
