Средоземно Море

Американскиот носач на авиони „Буш“ дел од вежбите на НАТО

18.10.2022 14:32

Воената вежба на НАТО наречена „Ударот на Нептун“ завршува утре. Во маневрите во Средоземјето учествуваат над 10 земји, вклучувајќи ги Италија, САД, Романија, Литванија, Унгарија, Романија и Полска...

Воената вежба на НАТО наречена „Ударот на Нептун“ завршува утре. Во маневрите во Средоземјето учествуваат над 10 земји, вклучувајќи ги Италија, САД, Романија, Литванија, Унгарија, Романија и Полска. Целта е да се зајакне соработката и комуникацијата на воздухопловните и поморските сили на воениот блок во случај на закана. Во вежбите учествува и американскиот носач на авиони „Буш“.

„Нема да шпекулирам што ќе прави Путин. Но сакам да пренесам што кажаа нашите лидери во Алијансата и во мојата земја – НАТО е одбранбен сојуз и ние ќе го браниме секој милиметар од нашата територија“, рече адмирал Денис Велез.

Во меѓувреме, шведскиот премиер Кристерсон изјави дека неговата земја останува посветена на договорот со Турција за прием во Алијансата. Во јуни Шведска заедно со Финска поднесе барање за влез поради руската инвазија во Украина. Анкара се противеше поради наводна поддршка на терористи од страна на скандинавската двојка.