Палестина

Палестина ја поздравува одлуката на Австралија за Ерусалим

18.10.2022 14:32

Палестинските власти ја поздравија одлуката на владата на Австралија да го отповика признавањето на западен Ерусалим за главен град на Израел...

Палестинските власти ја поздравија одлуката на владата на Австралија да го отповика признавањето на западен Ерусалим за главен град на Израел.

Според нив, потегот е во согласност со меѓународното право и ги поддржува напорите за обновување на мирот и преговорите. Австралија се залага за принципот на дводржавно решение.

Владата смета дека статусот на градот треба да се реши со мировни преговори.