ЈСП утре на протест пред Влада
Ако до утре на сметката на ЈСП не бидат исплатена плата, вработените ќе штрајкуваат . Најавија ќе го блокираат булеварот пред Владата . Министерството за образование и скопските општини му должат на Јавното сообраќајно претпријатие околу 2,6 милиони евра. Од таму апел долгот да се плати, во прашање се доведува јавниот превоз...

Догодина ќе има бесплатен јавен превоз за скопјани, најави денес градоначалничката Арсовска, но по најавениот штрајк на ЈСП, неизвесно е дали утре граѓаните зависни од градските автобуси ќе може да стигнат на работа. Возачите бараат да им се исплати платата. Ако Владата не го намири долгот во износ од 120 милиони денари, возниот парк на ЈСП ќе се паркира на „Илинденска“.
ЈСП бара пари од Владата, а секојдневно трупа долгови кон приватните превозници. Иако, од претпријатието велат дека фактурите ги плаќаат на време, „Слобода“ и „Макекспрес превоз“ чекаат околу 70 милиони денари за извозените, а ненаплатени километри.
По најавата за протест, се огласи и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Бараат вонредна седница на која ќе достават одлука за префрлање на средства на ЈСП и приватните превозници, за како што велат, да не се дозволи Скопје да остане без јавен превоз.
Анита Димитријевска Велковска
