Светска премиера на „Преекспонирано“
Филмот „Преекспонирано“ на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова, инспириран дел од вистински настани, ќе има светска премиера на Меѓународниот фестивал во Каиро. Од Агенцијата за филм велат дека делото стана најголем амбасадор на македонската култура...

Македонскиот филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, чие 44. Издание ќе се одржи од 13-ти до 22-ри ноември. Ќе биде во натпреварувачка конкуренција, а точниот датум на премиерата ќе се дознае по објавувањето на програмата. „Преекспонирано“ е дебитантски филм на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова.
Македонскиот филм стана најголем амбасадор на нашата култура во изминатиот период, вели директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.
Покрај Агенцијата за филм, „Преекспонирано“ беше поддржан и од филмскиот институт на Србија и европскиот фонд „Еуримаж“. Премиерата во македонските кина се очекува да биде на пролет.
Ана Ј. Тодоровска
