Зголемен бројот на малолетници во улога на дилери на наркотични средства
Во Битола се повеќе се откриваат малолетници во улога на дилери на дрога и други наркотични средства. СВР Битола во координација со ОЈО само во последниве четири месеци од слобода лиши 65 дилери. Граѓаните загрижени за најмладите од семејствата...

Актуелните статистики алармираат. Се повеќе се шири недозволената трговијата со наркотични средства а во улога на дилери се малолетни лица. СВР Битола само во последните четири месеци од слобода лишила 65 дилери по координираните акции со Основното јавно обвинителство.
Определените седум притвори од страна на судија на претходна постапка говорат за количината на наркотици и развиената мрежа.
Младите вешто ги избегнуваат анкетата. Нивните родители, баби и дедовци не ја кријат загриженоста.
Училишните социолози и педагози го вклучуваат превентивниот аларм. На новите состојби велат треба да се одговори со една поинаква психо-социјална превенција кој ќе ги продлабочи постоечките превентивни програми во основните и средните училишта.
Училишниот психолог, Жанета Ристевска предлага користење уште на неколку алатки во зависност од возраста на адолесцентот со единствена цел да не се навлече во зависност па наместо за методи на превенција да се зборува за методи на одвикнување кои тешко ја постигнуваат целта.
Стевче Митревски
