Снукер
На истекот од првото коло...
24.04.2014 11:37
Неочекувано долги партии, елиминација на фаворити, силен отпор на „малите“ во дуелите со „големите“ е обележјето на првата натпреварувачка рунда...

Во Шефилд денеска ќе биде затворен првиот круг од Светското првенство во снукер. Неочекувано долги партии, елиминација на фаворити, силен отпор на „малите“ во дуелите со „големите“ е обележјето на првата натпреварувачка рунда.
Мајкл Восли најсилно ги разбранува духовите. Своето деби во „Крусибл“ го одбележа со сензационална победа над еден од фаворитите за титулата, светскиот играч број два во моментов, Џунгхуи Динг од Кина.Првиот годинешен настап во Шефилд не го преживеа и четирикратниот светски шампион Џон Хигинс. Во шкотската пресметка тој загуби од Алан Мекманус. Низ натпреварувачки маратони во 1/8 финалето се пробија Шон Марфи,Џад Трамп,Марк Селби...Веќе се формирани шест двојки за следниот мундијалски чин. Со голема привлечност се издвојуваат дуелите: Селби-Картер и Марфи-Фу. Другите двојки се следниве: О,Саливен-Пери, Мекманус-Дохерти, Трамп-Деј и Хоукинс- Волден. Марк Ален и Мајкл Восли сеуште чекаат на добивање на своите противници.
Инаку, деновиве Светската снукер федерација ги обелодени измените, кои ќе бидат применети од следното светско првенство.Главно се однесуваат на патот по кој играчите ќе го обезбедат учеството, потоа на наградниот фонд, а најинтерсната е давањето на можност за настап на светските снукер ѕвезди од минатото! Решено е да се доделуваат четири „вајлд-карт“ и тоа само за поранешните светски шампиони. Така, голема е веројатноста дека дел од најпрестижната снукер претстава идната година во „Крусибл Театар“ ќе бидат ветераните и легенди Стивен Хендри, Стив Дејвис, Денис Тејлор!
